Нова победа на младинките на ЖРК Металург

28.02.2019 18:17

Во 15. коло на женската младинска лига на Македонија, младинките на ЖРК Металург катастрофално го поразија тимот на ЖРК Шампион, со резултат 35:14 (17:11). Овој натпревар се одигра во Автокоманда, но улога на домаќин имаше нашиот противник.

Што се однесува на самиот натпревар, тој мина во стилот на повеќето натпревари на нашите младинки – десетина минути рамноправна игра, а потоа тотална офанзива кон противничкиот гол и на крајот убедлив пораз на противникот. Шампион беше рамноправен се до 6:6, а потоа иницијативата премина на страната на Металург, кој веќе во првите 30 минути ја обезбеди победата.

Катастрофално минаа ракометарките на Шампион во второто полувреме. Постигнаа се на се три гола, а примија дури 18.

 До крајот на овој дел од првенството ни остануваа уште само три средби, а решавачка е таа од последното коло, кога во Автокоманда ќе го пречекаме тимот на ЖРК Вардар.

.

ЖРК Шампион – ЖРК Металург 14:35 (11:17)

ЖРК Шампион: Велковска, Јованова, Димитриевска 5, Николовска, Арсовска, Ристевска, Урбан, Неделковска 5, Миа Петровска 2, Маја Петровска 1, Јовановска 1, А.Петровска, Ива Кимовска, Ивона Кимовска, Боцеска и Стојановиќ.    Седмерци: 3/7.   Исклучувања: 14 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Софтовска, Ѓорѓиевска 1, Ивановска 2, Михајловска, Наумовска, Тасевска 13, Смајлоска 2, Арсениевска 9, Алексоска 1, Темелковска 1, Дамчевска 5, Калајџиевска и Стојановска 1.    Седмрци: 1/1.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Андреева Тања и Папуџиева Марија од Скопје.

Делегат: Саздовски Владимир.

Прочитано 178 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 + = 11