Нова победа на пионерките на ЖРК Металург

28.10.2018 21:50

Пионерките на ЖРК Металург денеска во Автокоманда стигнаа до уште една победа, откако катастрофално го совладаа тимот на ЖРК Чаир, со преубедливи 32:8 (16:6).

Нашите пионерки беа фаворити пред почетокот на средбата и ја оправдаа својата улога. Натпреварот, колку – толку, беше рамноправен во првата половина од првото полувреме, кога предноста на Металург се движеше меѓу 3 и 4 гола, но потоа дојде до израз квалитетот и подготовката на нашите ракометарки, кои првото полувреме го добија со разлика од 10 гола.

Во вториот дел противникот беше комплетно надигран. Чаир постигна само 2 гола, а прими дури 16, за конечни 32:8.

.

ЖРК Металург – ЖРК Чаир 32:8 (16:6)

ЖРК Металург: Васева, Михајловска, Арсеновска 10, Неделковска 4, Божинова, Васевска 5, Укајдари 2, Ристовска 2, Томчевска 1, Драговиќ, Стојковска, Паковска, Крстевска 3, Мисовска 2, Петковска 2 и Петровска 1.   Седмерци: 7/8.    Исклучувања: 2 минути.

ЖРК Чаир: Јакуповска, Камберовска, Рамуко 7, Рамадани, Ам.Сали, Ибраими 1, Колашинац, Ан.Сали, Чајани, Закири, Хамти и Шаифи.   Седмерци: 0.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Смилевска Искра и Реџепи Шадие од Скопје.

Делегат: Белимов Кристијан од Скопје.

Прочитано 177 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 + 3 =