- МНОГУ ПОТ СЕ ЛЕЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ЖРК МЕТАЛУРГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 6 years
- ДЕВОЈКИТЕ ОД МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ТРЕНИНГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 6 years
Нова победа на ЖРК Металург

Во претпоследното коло на женската Суперлига, екипата на ЖРК Металург ја совлада екипата на ЖРК Деспина, со резултат 25:16 (12:8).
Овој натпревар имаше неочекуван почеток, бидејќи гостинскиот тим стартуваше со серија од 3:0. Но, ЖРК Металург брзо ја надмина кризата и врати со своја серија од 4:0, после која работите дојдоа на своето место, а Металург своето водство не го испушти до самиот крај. Првите 30 минути ги завршивме со позитива од 4 гола, 12:8.
Второто полувреме исто така го добија нашите ракометарки, кои, иако воглавно играа со вториот состав, стигнаа до конечни +9, 25:16.
Ова се и последни бодови за нашиот тим, со оглед дека во последното коло играме со ЖРК Вардар. Со оваа победа нашите девојки го заверија освоеното второ место во првенството на Македонија.
.
ЖРК Металург – ЖРК Деспина 25:16 (12:8)
ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Паскал, Гугуљанова, Владева, Божиновска 2, Тасевска 3, Смајлоска 1, Алексоска 2, Дамчевска 3, Калајџиевска, Граматова 1, Ѓоргиевска, Стефановска 4, Гајиќ 9 и Стојмановска. Седмерци: 4/4. Исклучувања: 6 минути.
ЖРК Деспина: Димитриеска, Е.Рипилоска, Ристеска, А.Камческа 1, Крстевска, Цветкоска 1, Спиркоска, Ристевска, Димова 1, Димитрова, Јовеска 1, Богеска, Конеска 4, М.Камческа 4, Седлоска 1 и Л.Рипилоска 3. Седмерци: 4/5. Исклучувања: 10 минути.
Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје.
Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.