ОЧЕКУВАН ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ

12.03.2014 21:40

baner - vesti_resize

Денеска во “Автокоманда“ се одигра заостанатата средба од 10. коло на македонската женска Суперлига, меѓу екипите на РК Металург Скопје и на ЖРК Вардар СЦБТ. Очекувано, славеше многу поквалитетниот и поискусен тим на Вардар СЦБТ, со резултат 41:18 (18:10).

Во првата четвртина од средбата нашиот млад состав се носеше рамноправно со дрим-тимот на Вардар, па, во 15. минута резултатот изнесуваше 6:7, за Вардар. Сепак, во следниот период дојде до израз квалитетот на противникот, кој набрзо направи поголема разлика и на одмор заминавме со негатива од 8 гола, 10:18.

Во вториот дел противничките ракометарки го засилија темпото и до крајот на средбата дојдоа до убедлива предност.

РК Металург Скопје – ЖРК Вардaр СЦБТ   18:41 (10:18)

РК Металург Скопје: Ципушева, Каранфиловска, Жупан, Гакидова 2, Ѓеоргиевска, Ѓеорѓиоска 2, Тодоровска 8, Талевска 1, Наумовска, Керамитчиева 2, Симјановска 1, Дабевска, Димова, Јелеска 2 и Петковска.       Седмерци: 3/4.         Исклучувања: 0 минути.

ЖРК Вардар СЦБТ: Саидова, Ладева, Радичевиќ 1, Ѓокиќ, Пино 3, Штериова 3, Николиќ 3, Дембеле 5, Фернандез, Зебиќ 3, Кликовац 7, Црвенкоска 4, Хмирова 4, Лекиќ, Лојпур 4, Дмитровиќ 4.       Седмерци: 4/4.       Исклучувања: 2 минути.

Прочитано 408 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


3 + 7 =