ПЕНА ГРАМАТОВА, КАДЕТКА КОЈА ОСТАВА ВПЕЧАТОК

16.08.2015 12:07

baner-vesti_resize

Во Скопје е во тек женското кадетско првенство на Европа. Македонија е дел од групата “А“, со амбиција да стекне драгоцено искуство од настапи во натпреварувања од толку висок ранг.

Македонија нема ништо да изгуби на ова првенство, можеме само да научиме, бидејќи ова е прв голем турнир за овие девојки“, со право вели селекторката на кадетската репрезентација Јуле Црвенкоска.

ЖРК Металург во кадетската селекција е застапен со дури седум репрезентативки: Амра Илјаз, Јована Владева, Васка Глигоријадис, Вања Ангеловска, Ања Велкова, Сара Стефановска и Пена Граматова.

W17-EHF-EURO-Macedonia-Slovenia-8376_resize

Токму последната, Пена Граматова, која игра на позиција левo крило, со својат игра го привлече вниманието како на публиката, така и на ракометните специјалисти присутни на првенството.

Граматова, која минатата сезона ја заврши како најдобар стрелец во кадетската и младинската екипи на ЖРК Металург, остава одличен впечаток и со својата игра на ЕП во Скопје. На двете досегашни средби, против селекциите на Шведска и на Словенија, таа постигна пет гола од шест обиди, а на средбата против актуелниот шампион на Европа, селекцијата на Шведска, беше прогласена за МВП на средбата.

Граматова, иако се уште кадет, е и сериозен кандидат за настап и за првиот тим на ЖРК Металург, предводен од тренерот Александар Петровски.

Прочитано 3.129 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


5 − = 3