Пионерките чекор поблиску до пионерскиот фајнал-фор

07.04.2019 12:37

Во седмото коло на пионерската лига на Македонија, група 1, пионерките на ЖРК Металург во Автокоманда високо ги поразија гостинките од Куманово, кои ги совладавме со убедливи 19:9 (12:5).

Ова беше натпревар меѓу две екипи различни по квалитет и по стил на игра, па на нашите девојки не им беше тешко да го декласираат противникот, за нови бодови кои не носат поблиску до пионерскиот фајнал-фор.

Средбата беше решена веќе во десеттата минута, кога пионерките на Металург обезбедија предност од 5 гола, 7:2. По првите дваесет минути разликата се искачи на цели 7 голови, 12:5.

Во второто полувреме Металург немаше потреба да форсира, па овој дел го добивме со само 7:4.

Пионерките на ЖРК Металург во моментот се второпласирани, со три бода повеќе од екипата на Делчево Вардар. На фајнал-фор ќе одат двете првопласирани екипи од двете групи. До крајот на групната фаза ни преостануваат уште само три кола, а решавачка ќе биде средбата од последното коло во кое и гостуваме на екипата на Делчево Вардар.

.

ЖРК Металург – ЖРК  Куманово   19:9 (12:5)

ЖРК Металург: Васева, Петреска, Димитриоска 6, Петковска 6, Кузева, Јакимовска 2, Томановска, Спасовска, Марчевска, Арсовска 1, Рајковска 1, Ан.Џигерова 1, Алексовска, Ал. Џигерова, Кочкова 2 и Кралевска.    Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Куманово: Андоновска, Ѓоргиевска 1, Кипријановска, Николовска 2, Антевска, Милановска 3, Зафировска, Јовановска, Димитровска 1, Цветковска 1, Мат.Јовановска 1 и М.Цветковска.    Седмерци: 0.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Андреева Тања и Папуџиева Марија од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Прочитано 146 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − = 5