Пионерките на ЖРК Металург 2 ги поделија бодовите со Ѓорче

18.11.2017 14:23

Во четвртото коло на женската пионерска лига на Македонија, група 1, пионерките на ЖРК Металург 2 ги поделија бодовите со ЖРК Ѓорче. Резултатот од овој интересен натпревар е 8:8 (2:2).

Видовме навистина неизвесен натпревар во кој највисокото водство на една од екипите изнесуваше два гола, а го имаа нашите пионерки.

ЖРК Металург имаше одлична можност да дојде и до трите бода, но гостинскиот тим успеа да постигне гол и да дојде до бод.

По четири кола, нашите пионерки имаат по една победа и пораз и две нерешени средби.

.

ЖРК Металург 2 – ЖРК Ѓорче  8:8 (2:2)

ЖРК Металург 2: Василева, Петреска, Ѓоргиевска, Димитриоска 5, Петковска, Кузева, Јакимовска 1, Спасовска, Мирчевска, Спасевска 1, Ан.Џигерова, Арсовска, Стојановска, Ал.Џигерова, Кочова 1 и Кралевска.   Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Ѓорче: Цветковска 3, Џеладини, Петровска 1, Кежаровска, Мисовска 3, Кочовска, Гркова, Стефановска, Радевска, Колевска, Малцева, Марковска и Ѓурчевска 1.    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Капсарева Михаела и Цветковска Ива од Скопје.

Делегат: Куртовиќ Цано од Скопје.

Прочитано 218 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 7 = 0