Пионерките на ЖРК Металург го надиграа Ѓорче

20.04.2019 13:14

Во претпоследното коло од групната фаза, пионерките на ЖРК Металург го надиграа тимот на ЖРК Ѓорче, кого го совладаа со убедливи 19:12 (11:6).

Ова беше средба во која нашите пионерки водеа во текот на сите 40 минути и во која противникот во ниту еден момент не дојде во позиција да ни ја загрози победата.

Нашите пионерки одлично го почнаа натпреварот, со серија од 4:0, која од самиот почеток ја навести нашата победа. Првото полувреме го добивме со пет голови разлика, 11.6.

Иако имаа победничко водство, нашите пионерки продолжија со нападите кон противничкиот гол и во вториот дел, кој го добивме со резултат 8:6, за конечни, 19:12.

Во деветтиот натпревар пионерките на ЖРК Металург ја забележаа својата шеста победа и се позиционирани на второто место во групата 1. Металург ги задржа шансите за настап на пионерскиот фајналфор, а решавачка ќе биде токму средбата од последното коло во кое и гостуваме на екипата на ЖРК Делчево Вардар, нашиот директен конкурент.

.

ЖРК Металург – ЖРК Ѓорче  19:12 (11:6)

ЖРК Металург: Васева, Петреска, Стојановска, Петковска 6, Кузева, Јакимовска, Спасовска 1, Марчевска 1, Арсовска, Спасевска 6, Ан.Џигерова, Алексовска, Рајковиќ 2, Ал.Џигерова 1, Кочкова 2 и Кралевска.    Седмерци: 5/5.    Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Ѓорче: Несторова 6, Ѓероска, Атанасовска 1, Џеладини 1, Петровска 1, Хасаноска, Рубеша, Конеска и Ѓурческа 3.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Смилевска Искра и Димитровска Јована од Скопје.

Делегат: Ѓоргиевски Митко од Скопје.

Прочитано 237 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 5 = 10