Пионерките на ЖРК Металург го надиграа тимот на ЖРК Драчево

26.10.2019 13:13

Во рамките на петтото коло на пионерската лига на Македонија, група 1, во Автокоманда се сретнаа екипите на ЖРК Металург и на ЖРК Драчево.

На натпреварот, чиј победник се дозна по само неколку одиграни минути, видовме огромна надмоќ на ракометарките на Металург и целосна немоќ на противникот. Доволно е да се каже дека единствениот гол на Драчево во првото полувреме е постигнат во последната минута од првиот дел, во момент кога ЖРК Металург водеше со 15:0.

Ништо не се промени ниту во вторите 20 минути. Металург на својот скор додаде уште 13 гола, додека ракометарките на ЖРК Драчево се радуваа уште во само два наврати.

Ова е трета победа на пионерките на ЖРК Металург, кои имаат и едно реми, но и еден пораз. Во следното коло нашите пионерки ги чека тежок противник – водечкиот тим на ЖРК Аеродром.

.

ЖРК Металург – ЖРК Драчево  29:3 (16:1)

ЖРК Металург: Васева, Димитриоска 7, Ј.Спасовска 3, Петковска 8, Јакимовска 4, М.Спасовска 3, Стојановска 1, Алексоска, Рајатовска, Петреска 1, Анд.Џигерова 1 и Ал.Џигерова 1.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 0 минути.

ЖРК Драчево: Стојановска, Стојкова, Соколовска, Максимовска 2, Франгоска, Алмаз, Шекерова, Коларовска 1 и Ацевска.   Седмерци: 0/2.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ од Скопје.

Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

Прочитано 197 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


3 + 8 =