Пионерките на ЖРК Металург и на Делчево Вардар ги поделија бодовите

08.10.2018 00:31

Во петтото коло на женската пионерска лига на Македонија, група 1, во Автокоманда се сретнаа екипите на ЖРК Металург и на Делчево Вардар. По голема борба, средбата заврши со поделба на бодовите.

Мора да се признае дека гостинската екипа беше многу поблиску до победата и имаше водство безмалку во текот на целата средба.

Гостинките одлично го почнаа натпреварот и брзо создадоа комотна предност, водејќи најпрво со 0:3, а потоа и со 1:4. До крајот на првото полувреме нашите пионерки само малку намалија од предноста на гостите, па овој дел од играта заврши со резултат 7:9.

Голема борба се водеше и во вториот дел. Делчево Вардар своето водство го сочува допред самиот крај, кога ЖРК Металург конечно заигра според своите можности и, со серија од 5:0, го презеде водството, 17:16. До крајот се играше гол за гол, а конечниот резултат е 19:19.

.

ЖРК Металург – Делчево Вардар  19:19 (7:9)

ЖРК Металург: Васева, Кочкова 2, Димитриоска, Стојановска, Спасевска 7, Петковска 4, Јакимовска, Кузева, Спасовска, Маржевска 3, Кралевска, Арсовска 1, Петреска 1, Ан.Џигерова, Ал.Џигерова 1 и Алексовска.    Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 4 минути.

Делчево Вардар: Јовановска, Димитровска, Јанковска 1, Тодоровска 5, Георгиевска 1, Да.Спасевска 2, Даневска 1, Петровска, Златковска, Де.Спасевска 8 и Десподова 1.     Седмерци: 1/5.   Исклучувања: 2 минути.

Судии: Кимовски Благоја и Михајлов Блаже од Скопје.

Делегат: Кимовски Зоран од Скопје.

Прочитано 189 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 2 = 1