Пионерките на ЖРК Металург му го нанесоа првиот пораз на тимот на ЖРК Аеродром

03.11.2019 23:09

Во дерби натпреварот на шестото коло на пионерската лига, група 1, пионерките на ЖРК Металург и нанесоа тежок пораз на досега непоразената екипа на ЖРК Аеродром. Нашите најмлади ракометарки славеа со убедливи 24:10 (12:7).

Дека денешната средба нема да има изглед на дерби се почувствува уште на самиот почеток, кога пионерките на Металург поведоа со убедливи 5:0. Со истата разлика заврши и првото полувреме.

Уште поубедливи беа нашите ракометарки во вториот дел, кој го добија со цели 9 голови разлика, колку што на оваа средба постигна нашата денеска најдобра ракометарка – Марија Петковска.

Ова е четврта победа на нашиот пионерски тим, кој има и по еден пораз и нерешен резултат. Во следното коло во Автокоманда ќе ја пречекаме екипата на ЖРК Ѓорче Петров.

.

ЖРК Аеродром – ЖРК Металург  10:24 (7:12)

ЖРК Аеродром: Ангеловска 1, Цветковска, Анастасова, Митова 2, Поповска, Драгановска 1, Е.Бочвароска, Кочкова, Кирова, Кралева 1, Л.Миленкоска, Трајков 3, Стојчевиќ 1, А.Бочвароска, К.Миленкоска 1 и Блажевска.    Седмерци: 1/5.     Исклучувања: 2 минути.

ЖРК Металург: Васева, Димитриоска 3, Спасевска 3, Петковска 9, Јакимовска 3, Чобанова, Спасовска 3, Стојаноска, Алексоска, Рајковска 1, Анд.Џигерова 1 и Алек.Џигерова.     Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Здравковска Адријана и Божиновска Сања од Скопје.

Делегат: Георгиевски Митко од Скопје.

Прочитано 182 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 5 = 0