Пионерките на ЖРК Металург со полн плен од Куманово

17.09.2018 16:21

Во второто коло на женската пионерска лига на Македонија, група 1, пионерките на ЖРК Металург гостуваа во Куманово, каде го совладаа својот противник со убедливи 7:15 (5:9). Девојките на Наталија Тодоровска без поголеми проблеми дојдоа до својата втора победа, откако уште во почетната фаза обезбедија предност од четири гола, 1:5, недостижни за противникот. Оваа разлика остана и по завршувањето на првото полувреме, 5:9.

Слично се играше и во вторите 20 минути, во кои нашите пионерки ја дуплираа својата предност, за конечни +8, 7.15.

Ова е втора едноподруго победа на нашиот женски пионерски тим, откако во првото коло славеа против Гостивар, со резултат за Гинис – 30:0.

.

ЖРК Куманово –ЖРК Металург  7:15 (5:9)

ЖРК Куманово: Андоновска, Антевска, Зафироска, Т.Цветковска, Николовска, Денковиќ, Димитровска, Ѓорѓиевска, Мат.Јовановска, Мар.Јовановска и М.Цветковска.   Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Металург: Васева, Кузева, Спасевска, Спасовска, Петковска, Арсовска, Кочкова, Димитриоска, Марчевска, Петреска, Јакимовска, Ан.Џигерова, Ал.Џигерова, Кралевска, Стојановска и Алексовска.   Седмерци: 4/6.    Исклучувања: 2 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Ѓоргиевски Митко од Скопје.

.

Прочитано 163 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


2 + = 4