Продолжија победите на ЖРК Металург, падна и Пелистер

04.04.2019 22:36

Во второто плеј-оф коло, екипата на ЖРК Металург се врати со победа од гостувањето во Битола. ЖРК Пелистер е совладан со резултат 28:33 (13:16). Ова е трет натпревар меѓу овие два тима во тековната сезона и сите завршија со триумф на девојките од Автокоманда.

Денешната средба почна со испитување на силите и повремени водства на двете екипи, но тоа траеше кратко, бидејќи Металург нагло го засили темпото и набрзо дојде до голема предност од 6 гола, 5:11. Веќе тука беше јасно дека бодовите ќе заминат во Скопје, иако домашните ракометарки до крајот на првото полувреме ја намалија негативата на само три гола, 13:16.

Во второто полувреме Пелистер вложи многу сили за да го смени текот на средбата. Долго време тоа им успеваше и во дури четири наврати резултатот беше израмнуван. Но, потоа повторно заиграа нашите ракометарки, кои при крајот на средбата ги имаа и максималните +7, 24:31. Конечниот резултат од овој натпревар е 28:33 во полза на ЖРК Металург.

ЖРК Металург и по ова коло ја сочува предноста од пет бода пред второпласираното Куманово, а во наредното трето коло нашата екипа е слободна. Веќе во четвртото коло не очекува решавачкиот натпревар против Куманово во Скопје, а нашата евентуална победа на таа средба со огромна сигурност ќе ни ја донесе и шампионската титула.

.

ЖРК Пелистер – ЖРК Металург  28:33 (13:16)

ЖРК Пелистер: Наумовска, М.Јанкуловска, Босиловска, Груевска, Блажевска 4, Милосављевиќ 1, Талевска 7, Богоевска, Чокели 5, Ристова, Белевска 1, А.Јанкуловска 10, Кајческа и Каранфиловска.   Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Гугуљанова 2, Ивановска, Ѓорѓиевска, Владева 2, Гулицоска 3, Тасевска, Смајлоска 1, Темелковска, Дамчевска, Калајџиевска 4, Граматова 6, Стефановска, Гајиќ 8, Гичевска 7 и Паскал.  Седмерци: 4/5.   Исклучувања: 14 минути.

Судии: Никола Пауновски и Оливер Спировски.

Делегат: Славчо Каланоски.

Прочитано 277 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


6 − 4 =