ПРОДОЛЖУВА ПОБЕДОНОСНАТА СЕРИЈА НА МЛАДИНКИТЕ НА МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ

12.03.2013 22:18

Mладинките на Металург Скопје го продолжија својот победнички низ, откако во Кичево ги совладаа младинките на Кичево 2010, со резултат 24:15 (13:3).

Победникот на вчерашната средба стана познат уште по првата половина на првото полувреме, откако нашите девојки поведоа со високи 8:0. До крајот на првиот дел, домашниот состав успеа да постигне само три гола.

Во вториот дел, игран без резултатски предизвик, нашите девојки одиграа со онолку сили колку што беа потребни да се сочува високата предност.

Ристовска Сара постигна 7 гола, најмногу во двете екипи.

Младинки: Кичево 2010 – Металург Скопје  15:24  (3:13)

Кичево 2010: Трпкоска, Милошеска 3, Мицкоска 1, Јолеска 6, Илиоска, Николоска, Димитриеска, Петреска, Стефаноска, Белеска, Павловска 1, Максимоска и Митаноска 4.      Седмерци: 3/3.        Исклучувања: 4 минути.

Металург Скопје: С.Петкоска, Серафимова, Дабевска, Каранфиловска, Гакидова 2, Ѓоргиевска, Тодоровска 4, Талевска 5, Димитровска 1, Ливриниќ, Неделкова, Ципушева, Ристовска 7, Димова, Величковска 2 и Е.Петковска 3.        Седмерци: 0/1.     Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 336 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 + 2 =