Прв пораз на младинките на ЖРК Металург

09.12.2018 12:52

Младинките на ЖРК Металург го забележаа својот прв пораз во тековната сезона. Во СЦ “Јане Сандански“ загубивме од ЖРК Вардар, со резултат 26:22 (12:15).

Чуден тек имаше овој дерби-натпревар, во кој ЖРК Металург имаше целосна доминација во првото и катастрофален пад во второто полувреме.

Почетокот не му ветуваше ништо добро на домашниот состав. Металург брзо воспостави контрола и врз играта и врз резултатот и релативно брзо ги достигна безбедните четири голови разлика, 1:5. Токму овие четири гола предност се провлекуваа во текот на целото прво полувреме, па беше 2:6, 3:7 и 4:8, за да во еден момент ги достигнеме и највисоките +6, при резултат 7:13. Првото полувреме заврши со резултат 12:15 во полза на ЖРК Металург.

Навистина не е јасно што се случи со нашите ракометарки во второто полувреме. Металург забележа страотен пад во играта и добиениот натпревар брзо го претвори во пораз. Вардарки најпрво израмнија на 17:17, а потоа и за прв пат поведоа, со 19:18. При крајот на средбата Вардар ги достигна највисоките +5, 25:20, а конечниот резултат е 26:22, во полза на нашиот противник.

После овој пораз младинките на ЖРК Металург паднаа од првото место на првенствената табела и својата шанса за врвот ќе ја побараат во пролетниот дел на првенството.

.

ЖРК Вардар – ЖРК Металург  26:22 (12:15)

ЖРК Вардар: Трајковска, Георгиевска 2, Божиновска 3, Грујовска, Џатевска 4, Ангеловска, Илиќ, Трпевска 10, Гроздановска 1, Костовиќ, Диневска 1, Миневска, Седлоска 5, Петковска, Дамјановска и Николиќ.    Седмерци: 5/7.    Исклучувања: 10 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Софтовска 2, Ѓорѓиевска, Кркачева, Наумовска, Тасевска 3, Смајлоска 2, Арсениевска, Темелковска, Дамчевска 6, Калајџиевска 8, Томчевска, Ристовска, Стојановска и Брунчевиќ 1.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Трајковски Мирко и Вукашиновски Александар од Скопје.

Делегат: Саздовски Владимир од Скопје.

Прочитано 190 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 2 = 10