Селекторот Симовски го објави поширокиот список на ракометарки за квалификациските натпревари за пласман на СП 2019

15.11.2018 17:18

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација Симе Симовски го објави поширокиот список на ракометарки за претстојните квалификациски натпревари за СП 2019 година против репрезентациите на Азербејџан, Турција и на Исланд.

Во овој список се и имињата на шест ракометарки на ЖРК Металург: Марија Тасевска, Леонида Гичевска, Амра Илјаз, Јана Калајџиевска, Марија Гајиќ и Мери Арсениевска.

Македонија е дел од групата 4, заедно со репрезентациите на Азербејџан, Турција и на Исланд и ќе биде организатор на квалификацискиот турнир, кој од 30 ноември до 2 декември ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

.

Списокот на Симовски:

Прочитано 222 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 4 = 5