Селекторот Симовски го објави списокот на женската сениорска репрезентација за квалификациите за ЕП 2018

18.09.2017 18:11

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави поширокиот список на ракометарки на кои ќе смета за првите два натпревари од квалификациите за ЕП 2018 година во Франција.

Нашата репрезентација ќе го отвори квалификацискиот циклус со натпреварот против фаворизираната Шведска, на гостински терен во Лунд на 28 септември, додека на 1 октомври Македонија во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Србија. Во нашата квалификациска група уште се наоѓа и селекцијата на Фарските Острови.

Првиот собир е закажан за 25 септември (понеделник) од 18:30 часот во СРЦ „Кале“, а селекторот Симовски во поширокиот список вклучи 23 ракометарки: Наташа Антиќ, Матеја Серафимова, Драгана Петковска, Јована Мицевска, Теодора Керамичиева, Мирјета Бајрамоска, Дајана Јовановска, Елена Ливриниќ, Симона Стојановска, Душица Ѓорѓијевска, Елена Ѓорѓијевска, Маја Трпковска, Зорица Десподовска, Александра Боризовска, Андреа Белеска, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Марија Гајиќ, Ивана Гакидова, Марија Николиќ.

Инаку, непосредно пред првиот собир, нашата женска репрезентација ќе одигра подготвителен меѓународен турнир во Турција, во периодот од 21 до 24 септември. Селекторот Симовски, за настапот на турнирот на кој Македонија ќе се сретне со Италија и со две екипи на домаќинот Турција, повика 17 ракометарки. Поаѓањето за Турција е предвидено за 21 септември (четврток) од 08:15 часот од пред канцелариите на РФМ.

За турнирот се повикани следните ракометарки: Саздовска Јована, Ристовска Сара, Керамичиева Теодора, Јовановска Дајана, Белеска Андреа, Стојановска Симона, Боризовска Александра, Гичевска Леонида, Мицевска Јована, Гајиќ Марија, Божиновска Ива, Николиќ Марија, Трпковска Маја, Петковска Драгана, Ѓорѓиевска Душица и Матеја Серафимова.

Прочитано 244 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − 6 =