Шест ракометарки на ЖРК Металург во репрезентативниот младински список на Дамчевска

21.03.2019 12:12

Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Јулијана Дамчевска, го објави списокот на повикани ракометарки за претстојната ЕХФ недела (18-24 март 2019 година) против репрезентацијата на Црна Гора. Во рамки на ЕХФ неделата младинките ќе одиграат два контролни натпревари против репрезентацијата на Црна Гора. Во овој список се имињата на дури шест ракометарки на ЖРК Металург: Илјаз Амра, Калајџиевска Јана, Ѓорѓиевска Мила, Софтовска Стефани, Тасевска Марија и Смајлоска Аида.

Првиот натпревар ќе се одигра на 22.03.2019, со почеток во 15.00 часот, во спортската сала „Автокоманда”, а ден подоцна, на 23.03.2019, со почеток во 10.00 часот, во спортската сала „Автокоманда” ќе се одигра и вториот контролен натпревар.

Натпреварите се од отворен карактер, а влезот во салата е слободен.

.

 

Прочитано 239 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 + 9 =