Шведска и нанесе пораз на Македонија

31.05.2018 10:41

Сениорската женска репрезентација на Македонија загуби од фаворизираната Шведска на натпреварот што се одигра во СРЦ „Кале“ во Скопје, во рамки на претпоследното коло од квалификациите за ЕП 2018.

Швеѓанките водеа во текот на целата средба и заслужено стигнаа до победа од 32:20, која официјално стави крај на борбата на нашата репрезентација за некое од првите две места на табелата, а кои водат на ЕП. Теоретската шанса за пласман на континенталниот собир за нашата репрезентација и натаму постои, како најдобро третопласирана селекција од квалификациите, но за да ја задржат таа шанса, избраничките на Симе Симовски мораат да остварат победа против моментално првопласираната во нашата група – Србија и тоа на гостински терен во Ниш. Тој натпревар ќе се одигра во недела (3 јуни) во 18 часот.

На синоќешната средба во СРЦ Кале, Швеѓанките предводени од Робертс и Гулден, во првото полувреме стигнаа до предност од 16:7. Нашите репрезентативки добро го почнаа второто полувреме и предводени од Моника Јанеска успеаја во неколку наврати да намалат, сепак погодоците од контра напади, главно преку Хагман и Санд, ја задржаа и дополнително зголемија предноста на гостинската селекција, за конечни 32:20.

Јанеска ја заврши средбата со 5 погодоци и, заедно со Сара Ристовска која исто така реализираше 5 гола, беше најпрецизна во нашиот тим. Во листата на стрелци се запишаа и Елена Ѓеорѓиевска со 3 гола, Керамичиева и Саздовска со по 2 гола, како и Гакидова, Николиќ и Штериова кои постигнаа по 1 погодок. Кај Шведска, Робертс беше најефикасна со 8 голови.

Прочитано 72 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 + = 16