Силен отпор на Овче Поле во Автокоманда

30.11.2017 14:20

Во рамките на 11. коло на женската Суперлига, во Автокоманда гостуваше тимот на ЖРК Овче Поле, последнопласираната екипа во првенството на Македонија.

Иако дојде како апсолутен аутсајдер, гостинската екипа изненади со силниот отпор, особено во првото полувреме. Овче Поле водеше во текот на првите 20-тина минути, се до резултатот 8:8, а потоа ЖРК Металург конечно ја презеде иницијативата и ја наметна својата игра.

Во второто полувреме веќе немаше никакви дилеми околу победникот. ЖРК Металург имаше сигурно водство и рутински ја доведе средбата до крајот.

Со осмата победа во единаесет одиграни средби, ЖРК Металург се зацврсти на втората позиција, прва зад неприкосновениот Вардар.

.

ЖРК Металург – ЖРК Овче Поле  27:23 (13:10)

ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Гугуљанова 1, Владева, Глигоријадис 3, Божиновска 5, Ангеловска, Тасевска 5, Смајлоска, Алексоска 2, Дамчевска 1, Калајџиевска 6, Граматова, Стефановска 1, Гајиќ 3 и Брунчевиќ.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 12 минути.

ЖРК Овче Поле: Далевска, Димчева, Мишева, Манева 1, Павловска, Костова, Лазарова 5, Анчева 5, Вучевска, Стојанова 8, Велковска 1 и Атанасова 3.    Седмерци: 7/9.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје.

Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

Прочитано 233 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 − = 3