Симе Симовски го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата

18.09.2018 13:54

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Симе Симовски, го објави списокот за ЕХФ неделата што ќе се одржи во период од 24 до 30 септември 2018.

Првиот собир ќе се одржи на 24 септември со почеток во 10:00 часот во спортската сала „Мајка Тереза“ при ЈУ Детски Дом 11-октомври во Скопје. Во склоп на ЕХФ неделата, македонската сениорската репрезентација, покрај тренинзите, ќе одигра и два пријателски натпревари против репрезентацијата на Италија.

Список на ракометарки за ЕХФ неделата: Матеја Серафимова, Драгана Петковска, Јована Саздовска, Марија Тасевска, Сара Ристовска, Марија Гајиќ, Марија Штериова, Теодора Керамичева, Марија Николиќ, Душица Ѓоргиевска, Леонида Гичевска, Елена Ѓорѓиевска, Дајана Јовановска, Ивана Гакидова, Моника Јаневска, Александра Боризовска, Елена Ливриниќ

 

Термини на одигрување на натпреварите:

  • 27.09 во 16:00 часот во сала Автокоманда (прв натпревар)
  • 28.09 во 16:00 часот во сала Автокоманда (втор натпревар)

На 29.09 сениорската репрезентација ке одигра уште еден натпревар против младинската репрезентација на Македонија во 16:00 часот во сала Автокоманда.

Прочитано 287 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 − = 1