Со победата во Куманово, ЖРК Металург стана вицешампион на Македонија

05.05.2018 20:39

Во рамките на 26. коло на женската Суперлига, ЖРК Металург извојува значајна победа во Куманово и на две кола до крајот ја завери вицешампионската титула во првенството на Македонија.

Средбата против ЖРК Куманово беше значајна за двете екипи, за домаќинот тоа беше последна шанса барем теоретски да се замеша во борбата за второто место, додека за ЖРК Металург тоа беше можност веднаш да ги реши сите свои проблеми во борбата да се биде најдобар по недостижниот ЖРК Вардар.

Успеа нашиот тим и тоа го направи на импресивен начин. Имено, освен едно водство на Куманово, при 5:4, во текот на целата средба доминираа нашите девојки, кои со дисциплинирана и пожртвувана игра дојдоа до победата на жешкиот терен во Куманово и до трите важни бодови. Највисокото водство на ЖРК Металург изнесуваше пет голови, најпрво при 20:25, потоа при 21:26 и на крајот при конечните 22:27. Ова е наша втора победа против ЖРК Куманово во тековната сезона, во која забележавме и еден минимален пораз и една нерешена средба.

Во сезоната во која ЖРК Металург загуби голем број од своите искусни првотимки, постигнавме резултат достоен за почитување. Во поединечните дуели ги надигравме сите три конкуренти за второто место: ЖРК Куманово (2, 1, 1), ЖРК Пелистер (3, 1, 0) и ЖРК Вардар Јуниор (2, 1, 1).

.

ЖРК Куманово – ЖРК Металург  22:27 (12:14)

РК Куманово: Пецанова 4, Радевска, Живковска, Трајковиќ 2, Ивановска 2, Пеовска 1, Боризовска 8, Дичковиќ, Владевска, Петковска, Стојчевска, Кипријановска 5, Цветановска, Костадиновска, Наумоска и Краљевска.   Седмерци: 6/8.   Исклучени: 10 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Паскал, Гугуљанова 1, Владева 1, Божиновска, Тасевска, Смајлоска 3, Алексоска, Дамчевска, Калајџиевска 9, Граматова 4, Ѓоргиевска 3, Стефановска 2, Гајиќ 4 и Стојмановска.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 8 минути.   Црвен картон (3х2 мин): Владева во 58. Минута.

Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје.

Делегат: Љупчо Јаневски.

 

 

Прочитано 272 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


5 − = 1