ТЕЖОК ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ

23.04.2014 18:42

baner - vesti_resize

Во рамките на 15. коло на женската суперлига, Металург Скопје доживеа тежок пораз во мечот против екипата на Вардар СЦБТ. Резултатот од средбата е 40:10 (20:4) за вардарки.

Висок пораз се очекуваше, бидејки преголема е разликата во квалитетот на двете екипи, меѓутоа, се чини дека нашите млади ракометарки одиграа далеку под своите можности.

Се беше решено уште во првото полувреме во кое постигнавме 4, а примивме дури 20 гола. Вториот дел само ја продолжи доминацијата на домашнит состав, а разликата порасна до – 30. За обележување е 15-минутниот пост на нашата екипа на почетокот од второто полувреме.

ЖРК Вардар СЦБТ – РК Металург Скопје   40:10 (20:4)

ЖРК Вардар СЦБТ: Саидова, Суслина, Костјукова 7, Радичевиќ 7, Ѓокиќ 2, Пино 1, Штериова 3, Николиќ 1, Дембеле 5, Фернандез 1, Црвенковска 2, Хмирова 6, Лекиќ 2, Лојпур 1, Дмитровиќ 2.      Седмерци: 3/3.         Исклучувања: 2 минути.

РК Металург Скопје: Дурманова, Наумовска, Ципушева, Петлеска, Жупан 1, Гакидова, Георгиевска 4, Тодоровска 3, Талевска, Симјановска, Дабевска, Димова, Здравковска, Јолевска 1, Петковска 1, Спасовска.       Седмерци: 0/2.          Исклучувања: 0 минути.

Прочитано 536 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − = 2