Тежок пораз на ЖРК Металург

07.09.2019 19:50

Македонскиот шампион, екипата на ЖРК Металург, доживеа тежок пораз на првиот натпревар од првото коло на ЕХФ Купот. Полската екипа Метрако Заглебје Лубин не совлада со огромни 30 голови разлика, 14:44 (8:20) и веќе денеска обезбеди пласман во второто коло од ова натпреварување.

Домашниот состав пред натпреварот се сметаше за апсолутен фаворит и тоа го докажа на за нас најболниот начин. ЖРК Металург лошо ја почна средбата, па во 14. минута веќе губевме со 0:10, со што се навести и епилогот од оваа средба. Сепак, втората половина од првиот дел стана единствениот период во кој Металург успеваше да парира и да биде дури и рамноправен. Првото полувреме заврши со резултат 8:20.

За жал, второто полувреме го одигравме катастрофално. Постигнавме само 6, а примивме дури 24 голови, а сето тоа резултираше со еден од најтешките порази во иторијата на нашиот клуб.

Веќе утре, со почеток во 17 часот, ќе се одигра и реванш натпреварот, но јасно е дека таа средба нема да измени ништо и дека ЖРК Металург ќе го напушти ЕХФ Купот уште по првото коло.

.

ЖРК Металург – Метрако Заглебје Лубин  14:44 (8:20)

ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Паскал, Калајџиевска 6, Божиновска 1, Тасевска 2, Дамческа 2, Ѓорѓиевска 1, Петковска 1, Темелковска 1, Алексоска, Граматова, Гулицоска и Смајлоска.     Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 2 мин.

Метрако Заглебје Лубин: Завистовска 9, Грзиб 8, Вазна 6, Белмас 5, Травчинска 5, Горна 3, Хурицова 3, Станиславчик 2, Букларевич 1, Милек 1, Милојевиќ 1, Галинска, Малицкиевич, Мачадо, Пиелец и Ваз.      Седмерци: 0.     Исклучувања: 10 мин.

Судии: Лукас Фризер и Михаел Харамул од Чешка.

Делегат: Сергеј Кот од Белорусија.

Прочитано 187 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 4 = 13