Трета победа на кадетките на ЖРК Металург

16.09.2018 21:12

Во третото коло на женската кадетска лига на Македонија, група 1, кадетките на ЖРК Металург гостуваа во Штип, каде ја совладаа екипата на Кожувчанка со убедливи 12:36 (9:17).

Натпреварот беше рамноправен само во почетните неколку минути, а потоа кадетскиот тим на ЖРК Металург го засили темпото и воспостави комплетна доминација на теренот. До крајот на првото полувреме нашиот тим создаде предност од 8 гола и навести голема победа.

Тоа и се случи во второто полувреме во кое домашните ракометарки веќе немаа сили да им се спротивстават на постојаните напади на Металург, па овој втор дел од средбата го добивме со разлика од 16 голови, за конечни 12:36.

.

ЖРК Кожувчанка – ЖРК Металург  12:36 (9:17)

ЖРК Кожувчанка: Стојанова, Галачева, Ташкова, Ашкјалова 2, Иванова, Стоилова 4, М.Павлова, И.Павлова, Радевска 2, Милева 1, Велкова, Андова 1, Костандинова 2 и Ефремова.    Седмерци: 0/3.    Исклучувања: 4 минути

ЖРК Металург: Михајловска, Ѓошевска 2, Бојковска, Неделковска 2, Стојковска 1, Ѓорѓиевска 5, Томчевска 3, Русевска 2, Стојановска 5, Софтовска 2, Паковска, Арсениевска 7, Божиновска 3, Кочовска, Темелковска 2 и Ристовска 2.   Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Андонов Андреј и Иванов Иван од Радовиш.

Делегат: Андонов Живко од Радовиш.

 

 

 

Прочитано 193 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 6 = 8