Трета победа на пионерките на ЖРК Металург

30.11.2017 15:50

Во петтото коло на женското пионерско првенство на Македонија, група 2, пионерките на ЖРК Металург гостуваа во Прилеп, каде се сретнаа со екипата на Макалоски.

Средбата мина во доминација на Металург, чии ракометарки лесно дојдоа до недостижна предност. Поведе домаќинот на средбата, но  потоа нашите пионерки направија серија од дури 10:0. Првото полувреме заврши со резултат 2:10, па продолжението стана само формалност. Конечниот резултат од овој натпревар е 5:17 во наша полза.

Нашите пионерки засега се стонастотни во групата 2. Имаме три победи, една одложена средба со екипата на Лихнид, а еднаш бевме и слободни.

.

ЖРК Макалоски – ЖРК Металург  5:17 (2:10)

ЖРК Макалоски: Петреска, Боризоска 1, Цанеска, Миноска, Качароска, Чорбеска, Минова 1, Велкоска 1, Цветаноска 1, Димоска, Аризанова 1, Петреска и Алексоска.    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 0 минути.

ЖРК Металург: Ѓошевска 2, Поповска, Стојковска, Ѓорѓиевска 4, Капсарева, Крстевска, Стојановска 1, Ѓорѓиевска 4, Петровска 1, Драговиќ, Василева 4, Алексовска, Ангеловска, Кочовска, Васевска и Ристовска 1.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 2 минути.

Судии: Седлоски Рубинчо и Ангелески Горан.

Делегат: Цветкоски Илија.

Прочитано 219 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


6 − 3 =