Убедлив пораз на пионерките на ЖРК Металург

22.09.2018 19:29

Во третото коло на пионерското првенство на Македонија, група 1, пионерките на ЖРК Металург го запишаа првиот пораз во тековната сезона. Подобри од нас беа пионерките на Вардар, кои не совладаа со убедливи 15 гола разлика, 10:25 (7:10).

Во првото полувреме се играше горе-доле израмнет натпревар, но со постојана предност на противничките ракометарки. Овој дел од играта го загубивме со разлика од три гола, 7:10.

Во второто полувреме нашите најмлади ракометари не личеа на себе и одиграа навистина слабо, па резултат на тоа се само 3 наши гола за кои Вардар врати со дури 15.

.

ЖРК Металург – ЖРК Вардар  10:25 (7:10)

ЖРК Металург: Васева, Кочкова, Димитриоска 2, Спасевска 1, Петковска 2, Јакимовска 1, Кузева, Спасовска 1, Марчевска 2, Кралевска, Арсовска, Стојановска, Петреска, Анд.Џигерова, Ал.Џигерова 1 и Томаноска.    Седмерци: 1/4.     Исклучувања: 0 минути.

ЖРК Вардар: Ѓорѓиевска, Андоновска 7, Крагељ, Равојоска, Мирческа, Коловска 2, Трајановска, Христовска, Борј.Коцева 4, Тошевска 2, Ангеловска, Максимовска 1, Миланова 1, Пешиќ 5, Радевска 1 и Бој.Коцева 2.   Седмерци: 4/4.     Исклучувања:  6 минути.

Судии: Ѓорѓиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Мирчески Лери од Скопје.

Прочитано 198 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 5 = 10