Убедлива победа на ЖРК Металург во Гевгелија

29.09.2016 00:17

Во рамките на второто коло на првенството на Македонија, ЖРК Металург во Гевгелија убедливо ја совлада истоимената екипа со резултат 32:18 (15:7).

Тоа беше полесен тренинг за нашите девојки кои не му дадоа никаква шанса на домашниот тим. Металург го превзеде водството од првата минута и го задржа до самиот крај, постојано наголемувајќи ја својата предност.

Веќе во првото полувреме стекнавме недостижна разлика од осум гола, која гарантираше висока конечна победа.

Слично се играше и во вториот дел од оваа средба, во кој на претходната разлика и додадовме уште 6 гола. Гевгелија во своите редови ја имаше расположената Драгица Митрова, долгогодишна поранешна наша ракометарка, која постигна 11 гола.

По оваа средба, ЖРК Металург  се зацврсти на челото на првенствената табела, со 6 бода од две средби.

ЖРК Гевгелија – ЖРК Металург  18:32 (7:15)

ЖРК Гевгелија: Наумоска, Узунова, Мандахова, Јанчева 3, Попова, Љупова, Пакетова 1, Божинова, Јовановска, Атанасова, Беќарова, Ангелевска 3 и Митрова 11.  Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 0 минути.

ЖРК Металург: Серафимова, Илјаз, Каранфиловска 1, Гугуљанова 1, Владева 2, Глигоријадис 1, Арсениевска, Николиќ 4, Стојковска 2, Цаневска 3, Граматова 4, Саздовска 3, Дабевска 1, Величковска 6 и Петковска 5.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Стојанчо Јовановски и Виктор Андонов од Скопје

Делегат: Дучков Ѓорге од Гевгелија

Прочитано 192 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


2 + = 9