В сабота и в недела, младиот ЖРК Металург на мегдан со Иси Париз

07.09.2018 13:03

Овој викенд младата екипа на ЖРК Металург ќе настапи во женскиот ЕХФ-куп, каде за противник во првото квалификациско коло ќе има исклучително силен противник – францускиот претставник Иси Париз.

Гостинскиот тим е апсолутен фаворит во дуелите со младиот состав на македонскиот вицешампион, а раководствата на двете екипи се договорија двете средби да се одиграат во Скопје.

Овие натпревари ќе бидат извонредна можност за стекнување на меѓународно искуство за младите ракометарки од Автокоманда, кои ќе се обидат максимално да му се спротивстават на поискусниот и посилниот противник.

Свесни сме за квалитетот и искуството на противникот, но тоа не значи дека нашите девојки на теренот ќе се појават со бело знаме. Ќе се потрудиме да ја искористиме секоја шанса што ќе ни се создаде и пред сѐ да прикажеме добра и борбена игра“, вели претседателот на женската екипа на Металург, Филип Христов.

Средбите ќе се одиграат во Автокоманда, в сабота и в недела, двете во терминот од 16.30 часот. Влезот е слободен и ги повикуваме нашите навивачи и вљубениците во ракометната игра да дојдат во што поголем број, бидејќи девојчињата на ЖРК Металург го заслужуваат тоа.

Прочитано 355 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 + = 6