Вечерва ЖРК Металург замина за Шпанија

09.11.2017 22:54

Вечерва ЖРК Металург замина за Малага (Шпанија), каде ќе се соочи со екипата на Ринкон Фертилидад Малага, во рамките на третото коло на Челинџ-купот.

ЖРК Металург има најпрво лет до Истанбул, а потоа директна линија до Малага.

Раководствата на двата клуба се договорија двете средби да се одиграат во “Градскиот спортски центар Картама“ во Малага, мала сала со капацитет од само 600 места. Првата средба на распоред е веќе утре, со почеток во 20.30 часот. Реваншот ќе се случи на 12 ноември, овој пат со почеток во 12 часот.

Нашиот противник е моментално шестопласирана екипа во првенството на Шпанија. По осум кола, има пет победи и три порази.

Прочитано 254 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − = 0