Висок пораз на ЖРК Металург во Шпанија

10.11.2017 22:50

ЖРК Металург убедливо ја загуби првата средба од третото коло на Челинџ-купот. Шпанскиот претставник во ова натпреварување, Ринкон Фертилидад Малага, ја оправда улогата на апсолутен фаворит и извојува победа со резултат 31:14 (17:8).

Нашиот противник беше подобар во текот на целата средба, а сите дилеми околу победникот ги реши уште во првото полувреме, кое го доби со високи 9 гола разлика, 17:8. Слично минаа и вторите 30 минути од овој натпревар, па конечните – 17 гола очигледно го дадоа и вкупниот победникот од овој двомеч.

Втората средба се игра в недела, со почеток во 12 часот, но таа средба веројатно ќе има само ревијален карактер

.

Ринкон Фертилидад Малага – ЖРК Металург  31:14 (17:8)

Ринкон Фертилидад Малага: Арсенијевиќ 7, Вељковиќ 6, Гандулфо 4, Лопез Хименез 4, Гарсија Авила 3, Боада Коронадо 2, Мартин Морено 2, Калзадо де Торо 1, Хаби Дукурај 1, Песоа Константино 1, Андреу Семпере, Косано Лопез, Фернандез Роблес и Марин Перез.   Седмерци: 3/6.   Исклучувања: 0 минути.

ЖРК Металург: Илијаз, Кркачева, Гајиќ 5, Калајџиевска 2, Стефановска 2, Дамчевска 1, Глигоријадис 1, Смајлоска 1, Тасевска 1, Владева 1, Алексоска, Божиновска, Граматова и Гугуљанова.    Седмерци: 3/6.   Исклучувања: 10 минути.

Прочитано 440 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − = 6