Во Автокоманда падна и ЖРК Пелистер

10.10.2018 23:33

ЖРК Металург ја продолжи својата победничка серија и во шестото коло ја совлада екипата на ЖРК Пелистер, со резултат 30:24 (20:9). Средбата се одигра во Автокоманда и, според имињата на актерите, требаше да биде дерби на шестото коло. Но, место тоа, видовме лесна и убедлива победа на нашиот тим, кој од самиот почеток наметна убиствено темпо и го реши мечот уште во раната фаза од средбата.

Гостинките поведоа први и тоа беше нивното единствено водство на натпреварот, кој продолжи со серија на Металург од 5:0. Кон средината на првото полувреме имавме предност од 6 гола, 10:4, а на крајот на првиот дел и цели 11, 20:9.

Високата предност од првото полувреме го “смири“ нападот на Металург, кој во второто полувреме веќе не беше на нивото на првото. Од другата страна, подобро заиграа и ракометарките на ЖРК Пелистер, кои во вторите 30 минути значително ја намалија негативата, па сепак заминаа поразени со шест голови разлика.

И по шестото коло ЖРК Металург е единствен тим во лигата со максимален број на освоени бодови. Во следното коло, кое се игра в сабота, ЖРК Металург и гостува на екипата на Спартак.

.

ЖРК Металург – ЖРК Пелистер  30:24 (20:9)

ЖРК Металург: Илјаз, Софтовска, Гугуљанова, Кукунешевска, Ѓорѓиевска, Владева, Гулицоска 5, Смајлоска 3, Дамчевска, Калајџиевска 7, Граматова 2, Стефановска, Гајиќ 8, Брунчевиќ, Гичевска 5 и Паскал.    Седмерци: 4/6.    Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Пелистер: Дурланова, Николовска 4, Раиф, Каранфиловска 3, Чокели 7, Милосављевиќ, Глигоријадис 2, Каковска, Талевска 3, Кицеска, Филипоска, Апостоловска, Белевска, Јанкуловска 1 и Божиновска 4.     Седмерци: 2/3.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

Прочитано 211 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 1 = 5