Во Автокоманда, ЖРК Металург го надигра тимот на ЖРК Деспина

15.09.2018 13:41

Во второто коло од женската ракометна Суперлига, во Автокоманда ЖРК Металург го надигра тимот на ЖРК Деспина.

ЖРК Металург ја оправда својата фаворитска улога, извојува убедлива победа и на своето конто запиша три нови бода.

По само неколку почетни минути, кои минаа во испитување на силите и во кои гостинскиот тим поведе со 0:1 и со 1:2, ракометарките на Металург тргнаа во фуриозна офанзива која резултираше  со серија од 6:0 и со комотна предност од пет гола, 7:2. Ваквата разлика се задржа до крајот на првото полувреме.

Во вториот дел дојдоа до израз квалитетот и подобрата физичка подготвеност на нашите ракометарки, кои целосно го разбија противникот и запишаа победа со 13-ет голови разлика.

По две одиграни кола, ЖРКМеталург има максимални 6 бода и позитивна гол-разлика од цели 25 гола. Во следното коло, кое се игра на 23 септември, нашите ракометарки ќе и гостуваат на екипата на ЖРК Вардар, па тоа ќе им биде првиот посериозен тест во новата сезона. По неколку сезони, ЖРК Металург за прв пат има шанса да ја разбие доминацијата на Вардар и сериозно да се замеша во борбата за титулата во домашното првенство.

.

ЖРК Металург – ЖРК Деспина  31:18 (13:8)

ЖРК Металург: Илјаз, Софтовска 2, Гугуљанова 4, Ѓорѓиевска 1, Владева 1, Тасевска 1, Смајлоска 1, Арсениевска 3, Дамчевска, Калајџиевска 1, Граматова 2, Ѓоргиевска 1, Гајиќ 10, Брунчевиќ, Гичевска 4 и Паскал.    Седмерци: 5/6.    Исклучувања: 6 минути.

ЖРК Деспина: Димитриевска, Гулеска, Е.Рипилоска, А.Камческа 1, Крстевска 1, Цветкоска 1, Спироска, Ристевска, Димитрова 1, Јовеска, Богеска, Конеска 5, М.Камческа 6, Димоска, Седлоска и Л.Рипилоска 3.    Седмерци: 5/7.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски од Скопје.

Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

Прочитано 336 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


3 + 4 =