Во дербито на полусезоната, пионерките на ЖРК Металург 1 го “дуплираа“ Пелистер

03.12.2017 15:42

Одличен настап имаа пионерките на ЖРК Металург во шестото коло на пионерската лига на Македонија, група 2. Во Автокоманда, тие го декласираа тимот на Пелистер, со кого до ова коло ја делеа првата позиција на табелата. Досега непоразениот гостински тим, замина од нашата сала декласиран, со двојно повеќе примени, отколку постигнати голови. ЖРК Металург славеше со резултат  32:16 (15:9), а постигнатите 32 гола се завиден успех, особено што се постигнати за само 40 минути и против досега непоразен тим.

Иако тоа требаше да биде дерби натпревар меѓу две непоразени екипи, случувањата на теренот покажаа дека меѓу двата тима има голема разлика во квалитетот и дека гостинскиот состав нема никакви шанси за успех.

Нашите девојчиња средбата ја почнаа со серија од 4:0, а до одморот разликата ја зголемија и на шест гола, 15:9.

Уште понемилосрдни нашите пионерки беа во вториот дел, кој го добија со преубедливи 17:7, за конечни 32:16.

Нашите пионерки сега се единствени со стонастотен успех во групата 2. Имаме четири победи, една одложена средба со екипата на Лихнид, а еднаш бевме и слободни.

.

ЖРК Металург – ЖРК Пелистер  32:16 (15:9)

ЖРК Металург: Ѓошевска 5, Ѓуриќ 2, Неделковска 1, Мила Ѓоргиевска 5, Капсарева, Русевска, Поповска, Стојановска 3, Марија Ѓоргиевска 1, Петровска 4, Драговиќ, Василева 7, Алексовска 2, Паковска 1, Кочовска и Ристовска 1.   Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Пелистер: Огненова, Јанкуловска, Милосављевиќ 1, Каковска, Тео.Дојошевска, Там.Дојошевска, Босилковска, Павловска, М.Јанкуловска 1, А.Јанкуловска 9, Белевска 5 и Тодоровска.   Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Јашар Лејла и Божиновска Ана Марија од Скопје.

Делегат: Ѓоргиевски Митко од Скопје.

Прочитано 184 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 + 8 =