Во Прилеп, Деспина падна под налетот на ЖРК Металург

08.11.2018 12:00

Во рамките на 11. коло на женската Суперлига, екипата на ЖРК Металург гостуваше во Прилеп, каде го совлада тимот на ЖРК Деспина, со резултат 19:29 (9:13). ЖРК Металург на оваа средба настапи без неколку повредени првотимки, но тоа не му посмета да дојде до нови три бода.

Во првото полувреме домашниот состав пружи солиден отпор и во најголем дел од првите 30 минути се играше рамноправно. Отпорот на Деспина беше скршен во самиот финиш од ова полувреме, кога ЖРК Металург направи серија од 4:0 и полувремето го заврши со резултат 9:13.

Во вториот дел работите станаа појасни. ЖРК Металург продолжи со својата офанзива и постепено создаде висока предност, која при крајот изнесуваше 11 гола. Средбата заврши со резултат 19:29, па Металург стигна до својата девета победа.

Во следното коло ЖРК Металург повторно гостува, овој пат кај екипата на Гевгелија.

.

ЖРК Деспина – ЖРК Металург  19:29 (9:13)

ЖРК Деспина: Димитриеска, Боризоска 1, Е.Рипилоска 1, Ристеска, А.Камческа, Крстевска 4, Цветкоска 2, Ристевска, Димитрова 2, Богојеска, М.Камческа 3, Спиркоска, Седлоска 1, Јовеска и Л.Рипилоска 5.   Седмерци: 5/5.   Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Софтовска 1, Гугуљанова 3, Кукунешевска 1, Ѓорѓиевска, Тасевска 6, Владева 3, Темелковска 2, Гулицоска 4, Граматова 6, Стојановска 1, Брунчевиќ, Стефановска, Гајиќ 2 и Паскал.   Седмерци: 4/7.   Исклучувања: 2 минути.

Судии: Никола Пауновски и Оливер Спировски.

Делегат: Славчо Каланоски.

Прочитано 142 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


3 + 8 =