Во женската Суперлига оваа сезона ќе се натпреваруваат девет екипи

22.06.2018 13:38

Во просториите на РФМ денеска се одржа годишната конференција на ракометните клубови, во сите конкуренции. Во Женската лига оваа сезона ќе нема две екипи на Вардар, но затоа, пак, ќе има две нови екипи – ЦЕМС и Спартак, па вкупно ќе се натпреваруваат девет екипи.

Натпреварувањето ќе се игра стандардно по двокружен систем, односно 18 кола во регуларниот дел, во кој сите екипи ќе запишат по 16 натпревари. Потоа, екипите ќе се поделат во плеј-оф и плеј-аут групи. Разигрувњето за титулата ќе биде со пет екипи, додека во плеј-аутот ќе играат четири екипи.

Сезоната ќе стартува на 8 и 9 септември, а би требала да заврши на средината од декември, во зависност од потребите на сениорската репрезентација. Во првиот дел од сезоната ќе бидат одиграни 14 кола, а напролет покрај четирите кола кои остануваат од регуларниот дел ќе бидат одиграни и дуелите од плеј-офот и плеј-аутот, кој ќе го даде пласманот за европските купови.

Во првото коло екипата на ЖРК Металург е слободна, освен ако во последен момент не се пријави уште една екипа, за да се добие потребниот број од 10 екипи.

.

Прво коло:

Деспина – Овче Поле
Вардар – Куманово
Гевгелија – Спартак
ЦЕМС – Пелистер
ЖРК Металург е слободен

Прочитано 252 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 8 = 14