За ЖРК Металург првенството почнува в сабота

17.09.2016 23:50

Новата сезона во женската Супер лига ќе почне на 17 септември, в сабота, и ќе се игра по двокружен систем.

Во женската Супер лига сезонава ќе учествуваат осум екипи, со тоа што екипата на Вардар ќе биде ослободена од играњето во регуларниот дел на сезоната. Ќе се игра двокружен сстем, по двапати дома и на гости. Потоа најдобрите три од регуларниот дел ќе играат плеј оф заедно со Вардар. Ќе се игра по систем на елиминации за да се добие шампионот.

Во првото коло Металург во Автокоманда ќе ја пречека екипата на Вардар СЦЈС, а оваа средба, која се игра в сабота, е закажана со почеток во 16,30 часот.

Судии на саботниот натпреварот се Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје, а делегат е Миле Најденовски, исто така од Скопје.

Прво коло, женска Супер лига:

Металург – Вардар СЦЈС (17.09.2016 – сабота), 16,30 часот – Автокоманда

Овче Поле – Пелистер 2012 (18.09.2016 – недела), 19 ч.

Куманово – Прилеп (17.09.2016), 17,30 ч.

Гевгелија – слободна

Прочитано 95 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 1 = 2