Заврши учеството на ЖРК Металург во ЕХФ Купот

08.09.2019 18:10

Со вториот убедлив пораз, заврши учеството на ЖРК Металург во ЕХФ Купот. Македонскиот шампион и во вториот натпревар со Метрако Заглебје Лубин загуби катастрофално. Повторно постигнавме 14 гола, а примивме 43, еден помалку од вчера.

Овој пат ЖРК Металург добро ја започна средбата и десетина минути релативно успешно му се спротивставуваше на фаворитот. Во тој момент губевме со 4:2. Но, потоа противникот направи неверојатна серија од 14:0 и се потече по теркот од вчера. Првото полувреме заврши со резултат 24:6.

Најдобро на овој двомеч Металург ги одигра првите десет минути од второто полувреме. Постигнавме пет гола, исто толку и примивме, па може да се каже дека овие десет минути беа и најрамноправни. Сепак, до крајот на средбата полскиот претставник стигна безмалку до истата разлика како и вчера.

ЖРК Металург ги заврши настапите во ЕХФ Купот, па сега целокупното внимание ќе го насочи на претстојното првенство на Македонија.

.

Метрако Заглебје Лубин – ЖРК Металург  43:14 (24:6)

Метрако Заглебје Лубин: Завистовска 3, Грзиб 3, Хартман 6, Белмас 6, Травчинска 1, Горна 7, Хурицова, Станиславчик 3, Букларевич, Јоцимек 2, Нога 6, Васијак 2, Малицкиевич 1, Мачадо, Пиелец 3 и Ваз.      Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 4 мин.

ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Паскал, Калајџиевска 4, Божиновска 3, Тасевска 2, Дамческа 1, Ѓорѓиевска 1, Петковска, Темелковска, Алексоска 1, Граматова, Гулицоска 2 и Смајлоска.     Седмерци: 0/1.     Исклучувања: 4 мин.

Судии: Лукас Фризер и Михаел Харамул од Чешка.

Делегат: Сергеј Кот од Белорусија.

Прочитано 183 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 3 = 10