Женска лига: ЖРК Металург убедлив на гостувањето кај ЖРК Пелистер

02.03.2019 16:28

Денеска продолжи натпреварувањето во Женската лига, а во рамките на 15. коло екипата на ЖРК Металург убедливо славеше на гостувањето во Битола. ЖРК Пелистер е совладан со резултат 23:33 (8:17).

Девојките на Металург немаа посериозни проблеми за да ги освојат бодовите во Битола. Водеа во текот на целиот натпревар, а победата ја запечатија веќе по завршувањето на првото полувреме, кое го добија со разлика од девет гола, 8:17.

Добро одиграа ракометарките на Металург и во вториот дел во кој ја достигнаа за денеска највисоката предност од 14 гола, 17:31. При крајот на средбата, задоволни од постигнатото, нашите ракометарки го ослабеа притисокот врз противничкиот гол, а ЖРК Пелистер тоа го искористи за да ја намали разликата на конечни -10, 23:33.

ЖРК Металург и натаму е на челната позиција на првенствената табела, со освоени 39 бодови од 15 средби, пет бода повеќе од второпласираниот ЖРК Куманово, кој има и натпревар помалку.

До крајот на регуларниот дел, ЖРК Металург има да одигра уште само три средби. Дома играме со Спартак и со Овче Поле, а гостуваме кај екипата на ЖРК Куманово. Оваа средба ќе биде и решавачка за пласманот на првите две позиции, а значајна е и поради тоа што ќе се пренесуваат бодовите во вториот дел од сезоната, во фзат на плеј-оф.

.

ЖРК Пелистер – ЖРК Металург  23:33 (8:17)

ЖРК Пелистер: Наумовска, Јанкуловска, Босиловска, Раиф 1, Блажевска 6, Милосављевиќ 3, Талевска 1, Богоевска, Чокеги 4, Ристова, Белевска 1, Јанкуловска 7 и Каранфиловска.    Седмерци: 6/9.    Исклучувања: 6 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Гугуљанова 1, Ѓорѓиевска 1, Ивановска 1, Владева 1, Гулицоска 1, Тасевска 3, Смајлоска 1, Алексоска, Темелковска, Калајџиевска 5, Граматова 4, Гајиќ 6, Гичевска 9 и Паскал.   Седмерци. 2/2.    Исклучувања: 14 минути.

Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје.

Делегат: Васко Дјаковски.

Прочитано 251 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 + = 7