ЖРК Металург без милост кон ЖРК Вардар Јуниор

04.11.2017 20:29

Во рамките на 8. коло на женската Суперлига во Автокоманда се сретнаа екипите на ЖРК Металург и на ЖРК Вардар Јуниор. Ова беше втора средба меѓу овие две екипи, по поразот на нашиот тим во првото коло, кога нашите девојки беа поразени со резултат 27:25 (12:10).

Но, за разлика од тој натпревар, денеска во Автокоманда средбата мина во комплетна доминација на нашиот тим, кој водеше во текот на сите 60 минути, повремено и со максимални 11 гола разлика.

Металург средбата ја почна со серија од 3:0, а нашиот противник својот прв гол го постигна дури во 10. минута. Веќе на полувреме имавме добитна разлика од 6 гола, 13:7, која до крајот на средбата ја зголемивме на 9 гола, 27:18. И покрај обидите на нашиот противник да дојде до поприфатлив пораз, се чини дека на крајот треба да биде и задоволен што разликата не ја мина границата од 10 гола.

.

ЖРК Металург – ЖРК Вардар Јуниор  27:18 (13:7)

ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Гугуљанова, Владева 1, Глигоријадис, Божиновска, Ангеловска 2, Тасевска 1, Смајлоска 1, Алексоска, Дамчевска, Калајџиевска 8, Граматова 9, Стефановска 1, Гајиќ 4 и Брунчевиќ.   Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 10 минути.

ЖРК Вардар Јуниор: Илиќ, Реџеп 1, Николовска 1, Карчева, Стефановска, Кицеска, Вељановска, Атанасова, Трпевска 2, Георгиевска 3, Диневска, Божиновска 7, Филипоска, Гичевска 3, Иванова 1 и Николиќ.    Седмерци: 6/7.    Исклучувања: 16 минути.

Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје.

Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

Прочитано 338 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


5 − 1 =