ЖРК Металург денеска ги почна подготовките за новата сезона

14.08.2019 16:19

Заврши летната пауза и за ракометарките на ЖРК Металург, кои од денеска ги почнаа подготовките за новата сезона. Денеска во Автокоманда се одржа првиот собир, а потоа и првиот тренинг на ЖРК Металург.

Сепак, во нашата сала екипата ќе тренира само неколку дена, бидејќи од 18 до 24 август ќе ги продолжи подготовките во Пехчево.

Во периодот по 24 август, ЖРК Металург во Србија ќе одигра две средби со екипата на Јагодина, а можни се и дополнителни средби со екипи на нашиот северен сосед.

ЖРК Металург ќе настапува во речиси идентичен состав со оној со кој ја освои шампионската титула во изминатата сезона. Ќе недостасуваат само десното крило Марија Гајиќ и пикерката Јована Владева.

ЖРК Металург сезонава ќе настапува во домашните натпреварувања и во ЕХФ Купот, каде ќе почне од првото коло и каде за противник го доби полскиот вицешампион Метрако Заглебје Лубин.

Прочитано 313 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − 8 =