ЖРК Металург доби тежок противник во ЕХФ Купот

16.07.2019 15:01

Денеска е извлечена ждрепката за првото коло на ЕХФ Купот во женска конкуренција.

Македонскиот шампион, ЖРК Металург, во првото коло доби тежок противник – Метрако Заглебје Лубин.

Метрако Заглебје Лубин е второпласирана екипа во првенството на Полска, која зад шампионот заостана само три бода.

Првиот натпревар ќе се одигра во Скопје, на 7/8 септември, додека реваншот во  Полска ќе се игра на 14/15 септември.

Македонскиот шампион подготовките за предизвиците во новата сезона ќе ги почне на 14 август, за кога е закажан првиот собир во Автокоманда. Но, во нашата сала екипата ќе тренира само неколку дена, бидејќи од 18 до 24 август ќе ги продолжи подготовките во Пехчево.

Во периодот по 24 август, ЖРК Металург во Србија ќе одигра две средби со екипата на Јагодина, а можни се и дополнителни средби со екипи на нашиот северен сосед.

Прочитано 298 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 7 = 2