ЖРК Металург е се поблиску до титулата – во Струга е совладана Стружанка

20.04.2019 22:59

ЖРК Металург победнички се врати од гостувањето во Струга, каде славеше против екипата на Стружанка. Победивме со резултат 21:26 (9:14) и се реванширавме за поразот на овој терен во регуларниот дел од сезоната.

ЖРК Металург на овој натпревар водеше во текот на сите 60 минути и не му даде никаква шанса на својот противник.

Сепак, првата половина од првото полувреме мина во израмнета борба и во испитување на силите. Така беше се до резултат 7:8, а потоа нашите девојки направија серија од 3:0 и создадоа предност од 4 голови, 7:11. Првото полувреме заврши со резултат 9:14.

Откако ја остваривме саканата цел и создадовме недостижна предност, второто полувреме го одигравме рутински и вложивме толку сили колку што беше потребно да ја задржиме создадената предност.

Оваа победа е многу значајна за нашиот тим, бидејќи сме чекор поблиску до титулата. До крајот на првенството не очекуваат уште четири средби, по две дома и на гости, а во моментот имаме огромни 8 бода повеќе од единствениот конкурент – екипата на ЖРК Куманово.

.

ЖРК Стружанка – ЖРК Металург  21:26 (9:14)

ЖРК Стружанка: Митоска, Ристоска, Јовичинац 4, Дурацоска 1, Јусуфи, Јоноска 4, И.Затуроска 3, Петреска 1, Делиоска 8, Дукоска, Б.Затуроска, Ѓоршулеска, Голабоска, Переска, Балоскаи Калајџиевска.    Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 4, Ивановска 1, Ѓорѓиевска, Владева, Гулицоска 1, Тасевска 1, Смајлоска, Дамчевска, Калајџиевска 9, Граматова 2, Стефановска 1 и Гичевска 7.    Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Михајло и Методија Илиевски.

Делегат: Васе Зилевски..

Прочитано 246 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


2 + 2 =