ЖРК Металург ги заврши настапите во ЕХФ-Купот

10.09.2018 01:31

ЖРК Металург доживеа убедлив пораз и на втората средба со екипата на Иси Париз и со тоа ги заврши настапите во женскиот ЕХФ-Куп. Денеска сме поразени со високи 22 гола разлика, 11:33 (10:15).

Денешната средба имаше две дијаметрално различни полувремиња во кои ЖРК Металург одигра фантастично во првиот и катастрофално во вториот дел од натпреварот.

Почетокот апсолутно им припадна на ракометарките на ЖРК Металург, кои водеа се до 18 минута, најчесто со еден гол, а најмногу со два гола разлика. Металург воопшто не наликуваше на оној од вчера, а нашите девојќи без никаков респект го напаѓаа голот на Иси Париз. Резултатскиот пресврт се случи во 19. минута од средбата, кога францускиот тим за прв пат мина во водство, при резултат 9:8. За жал, својата предност Французинките не ја испуштија до крајот…

Првото полувреме заврши со резултат 15:10 во полза на Иси Париз и остана надежта дека ЖРК Металург ќе се обиде да го нападне овој резултат во вториот дел.

Навистина не постои логичко објаснување за се што се случи во второто полувреме. Навидум истите девојки, истите екипи…но огромна разлика во играта. Неверојатно, но ЖРК Металург во вторите 30 минути постигна само еден гол и тоа дури во 57. минута. Во такви услови беше невозможно да се избегне катастрофата, па ЖРК Металург забележа пораз од дури 22 гола разлика.

.

Иси Париз – ЖРК Металург  33:11 (15:10)

Иси Париз: Серциен, Пинтеа 3, Хорачек 3, Алрич, Сатрапова, Мазенс 4, Фофана 5, Ласур 2, Биљо 5, Мур 1, Фреј 2, Мала 7 и Деба 1.    Седмерци: 5/6.   Исклучувања: 2 минути.

ЖРК Металург: Илијаз, Кркачева, Софтовска, Гугуљанова, Кукунешевска, Дамческа, Владева, Гулицоска 2, Тасевска, Смајлоска, Арсениевска 2, Калајџиевска 1, Граматова 2, Стефановска, Гајиќ 1 и Гичевска 3.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Пинар Хатипоглу и Мехтап Симсек од Турција.

Делегат: Радош Ракочевиќ од Црна Гора.

Прочитано 197 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 2 = 7