ЖРК Металург го декласира Вардар среде “Јане Сандански“

22.09.2018 20:11

Во третото коло на женската Суперлига, ЖРК Металург го декласира тимот на ЖРК Вардар на негов терен. Нашите девојки победија со убедливи 18:27 (9:13).

По повеќе години на недопирлив Вардар, со светски ѕвезди во својот состав, денеска ЖРК Металург конечно доби можност да врати за бројните порази во изминатите неколку години. Нашите девојки очигледно беа подготвени за оваа средба и гореа од желба да го совладат својот противник.

ЖРК Металург беше подобрата екипа во текот на целата средба и од самиот почеток го диктираше темпото и одржуваше минимална, но постојана предност. Вардар во првото полувреме некако и успеваше да се спротивстави, но потклекна кон крајот на овој дел, кога Металург направи серија од 5:0 и на одмор замина со убедливи 9:13.

Во второто полувреме нашите девојки не му дадоа никаква шанса на својот противник. Разликата постојано варираше меѓу 7 до 8 гола во наша полза, за да во неколку наврати ги имаме и максималните +11, прв пат при резултат 14:25. Конечниот резултат е 18:27, па Металург конечно запиша победа против екипата на Вардар.

По три одиграни кола, единствено ЖРК Металург е максимален, со три победи и девет освоени бодови, со што се наметна како еден од најсериозните аспиранти за шампионската титула во актуелното првенство.

.

ЖРК Вардар – ЖРК Металург 18:27 (9:13)

ЖРК Вардар: Трајковска, Гоцевска 3, Грујовска, Џатевска, Илиќ, Трпевска 1, Гроздановска, Костовиќ 2, Диневска, Миновска 1, Седлоска 4, Коларовска, Петковска 5, Дамјановска 2, Николиќ и Божиновска.    Седмерци: 4/5.     Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Паскал, Софтовска, Гугуљанова, Кукунешевска, Владева 1, Гулицоска, Тасевска 5, Смајлоска1, Арсениевска 3, Калајџиевска 4, Граматова 2, Стефановска 1, Гајиќ 9 и Гичевска 1.   Седмерци: 3/4.     Исклучувања:  10 минути.  Црвен картон: Владева во 60 минута.

Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје.

Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

Прочитано 367 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 3 = 4