ЖРК Металург го надигра Пелистер и е на само бод од освојувањето на титулата

05.05.2019 00:02

Во Автокоманда денеска се одигра средба од плеј-офот на првенството на Македонија, а наш гост беше екипата на ЖРК Пелистер. Важна средба во која наш единствен императив беше победата и трите бода, особено по слабоста што ја покажавме во претходното коло, кога одигравме нерешено со екипата на ЖРК Вардар. Металург одигра одличен натпревар во кој целосно го надигра гостинскиот состав и дојде на само бод од освојувањето на нова титула, бод кој ни треба во последните две средби, во кои гостуваме кај Куманово и дома играме со Стружанка.

Металург од самиот почеток го најави поразот на ЖРК Пелистер. Поведовме со 3:0 и водството го задржавме се до крајот на натпреварот. Иако водевме постојано, Пелистер пружи добар отпор во првото полувреме, кое заврши со резултат 16:12.

Играта на Пелистер се распадна во второто полувреме во кое играше само Металург. Нашите девојќи ги искористија сите свои шанси и обезбедија висока победа, која не задржа на првото место на табелата. Нашата предност пред Куманово е и натаму шест бода, а титулата можеме да ја завериме веќе на следниот натпревар во кој наш противник е токму ЖРК Куманово.

.

ЖРК Металург – ЖРК Пелистер  37:25 (16:12)

ЖРК Металург: Илјаз, Гугуљанова 2, Ивановска 1, Ѓорѓиевска 2, Владева, Гулицоска 3, Тасевска 9, Смајлоска 1, Алексоска 3, Дамчевска 3, Калајџиевска 4, Граматова, Ристовска, Стефановска 1, Гичевска 8 и Паскал.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 8 минути.    Црвен картон (3х2 минути): Гичевска во 54. минута.

ЖРК Пелистер: Јанкуловска 2, Босиловска, Блажевска 3, Милосављевиќ 4, Талевска, Богоевска, Чокели 1, Ристова, Белевска 4, Јанкуловска 8, Каранфиловска 3, Наумовска и Кајческа.    Седмерци: 4/7.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје.

Делегат: Вано Куртовиќ од Скопје.

Прочитано 356 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 − 4 =