ЖРК Металург го “освои“ Чаир

07.11.2019 22:32

Во дерби натпревар од деветтото коло на Женската лига, ЖРК Металург ја совлада екипата на ЖРК Чаир на теренот на противникот. Најпријатното изненадување во досегашниот тек на првенството го совладавме со резултат 30:25 (12:12).

Првото полувреме мина во израмнета борба, во која првите минути им припаднаа на домашните ракометарки, а остатокот на ракометарките на ЖРК Металург. Овој дел од натпреварот заврши со израмнети 12:12.

Во вториот дел дојде до израз квалитетот на нашите ракометарки, кој стартуваа со серија од 6:0, а малку подоцна имаа и максимална предност од 8 голови, 16:24. Оваа предност стана недостижна за домашната екипа, која до крајот на средбата успеа само малку да ја намали негативата, за конечни 25:30.

Ова е деветта едноподруго победа на ракометарките на ЖРК Металург во тековното првенство и нашиот тим го држи врвот на првенствената табела.

Во следното коло во Автокоманда ќе гостува екипата на Ѓорче Петров.

.

ЖРК Чаир – ЖРК Металург  25:30 (12:12)

ЖРК Чаир: Сандева, Маја Петровска, Миа Петровска, М.Николовска 9, Каранфиловска, Бахиќ 3, Димитриевска, Замира Рамуко, Рахмани 3, Зана Рамуко, Мартиновска, Шерифи, Реџеп, Ѓуриќ, Кицевска и А.Николовска 10.    Седмерци: 3/7.    Исклучувања: 12 минути.   Црвени картони (3х2 мин): Реџеп во 23. минута и Бахиќ во 48. минута.

ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 5, Владева 1, Гулицоска 11, Тасевска 2, Смајлоска 2, Арсениевска, Алексоска, Темелковска, Дамчевска 4, Калајџиевска 2, Божиновска 3, Граматова, Стефановска и Петковска.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје.

Делегати: Цано Куртовиќ од Скопје.

Прочитано 379 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 − = 5