ЖРК Металург го освои и Прилеп

22.10.2017 20:56

Во шестото коло на женската Суперлига, ЖРК Металург гостуваше во Прилеп од каде се врати со новоосвоени три бода, по лесната победа над екипата на Деспина, со резултат 19:26 (9:13).

Нашите девојки беа изразити фаворитки пред почетокот на овој натпревар и тоа и го докажаа, како со играта, така и со конечниот резултат. Металург водеше во текот на сите 60 минути и не му даде никаква шанса на својот противник.

По двата порази во воведните две кола, ЖРК Металург нанижа четири победи во следните четири кола, со што изби на втората позиција на првенствената табела.

.

ЖРК Деспина – ЖРК Металург  19:26 (9:13)

ЖРК Деспина: Јовеска 2, Е.Рипилоска 2, А.Камческа, Крстевска, Седлоска, Цветкоска, Димова 6, Димитрова, Богеска, Далевска 1 М.Камческа 8, Димитриеска, Ристевска и Л.Рипилоска.   Седмерци: 8/11.  Исклучувања: 2 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Владева, Глигоријадис 6, Божиновска, Ангеловска, Кркачева, Милевска, Тасевска 1, Смајлоска, Калајџиевска 7, Граматова 7, Тодоровска, Стефановска 3, Гајиќ 2 и Брунчевиќ.   Седмерци: 4/8.  Исклучувања: 10 минути.

Судии: Михајло и Методија Илиевски.

Делегат: Саше Јанкулоски.

Прочитано 271 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


1 + = 8