ЖРК Металург го освои турнирот во Сливница (Бугарија)

17.09.2016 23:48

ЖРК Металург е победник на турнирот во Сливница (Бугарија), откако убедливо ги совлада сите свои противници.

Вчера, ЖРК Металург ја победи екипата на Свиленград, со резултат 36:29 (16:16), додека денеска се пресмета со Ники Спорт и со Пирот.

Во првиот денешен натпревар, ЖРК Металург лесно и убедливо го совлада домаќинот на турнирот, екипата на Ники Спорт, против која нашите девојќи водеа во текот на сите 60 минути.

Играч на натпреварот е Марија Николиќ.

Ники Спорт – ЖРК Металург  19:37 (10:20)

ЖРК Металург: Серафимова, Илијаз, Каранфиловска 3, Гугуљанова 3, Гајиќ, Глигоријадис 1, Арсениевска 2, Николиќ 7, Стојковска 2, Цаневска 3, Граматова 3, Саздовска 8, Дабевска, Величковска 5 и Петковска.     Седмерци: 1/2.      Исклучувања: 6 минути.

 

Во последниот натпревар падна и екипата на Пирот (Србија), која е совладана со резултат 36:23 (18:11). И на овој натпревар се беше јасно од самиот почеток, откако нашите девојќи поведоа со резултат 8:2.

Играч на натпреварот е нашата Габриела Величковска.

ЖРК Металург – Пирот  36:23 (18:11)

ЖРК Металург: Серафимова, Илијаз, Каранфиловска 1, Гугуљанова 2, Гајиќ 3, Глигоријадис 1, Арсениевска, Николиќ 2, Стојковска 5, Цаневска 3, Граматова 2, Саздовска 4, Дабевска, Величковска 7 и Петковска 5.     Седмерци: 2/3.      Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 43 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


6 + 7 =