ЖРК Металург и наплати на Стружанка во младинска лига

06.11.2018 14:29

Само еден ден по поразот на сениорките на ЖРК Металург во Струга, во Автокоманда се сретнаа истите екипи, со безмалку истите состави, само во младинска конкуренција. Овој пат не се случи никакво чудо и Стружанка си замина со пораз од дури 13 голови разлика.

Взаемното испитување на силите траеше кратко, само неколку минути, а потоа се минуваше во знакот на ЖРК Металург. На Стружанка овој пат и се случи тоа што им се случува на сите што ќе влезат во “шемата“ на ЖРК Металург – беше прегазена од брзите контранапади на нашите ракометарки, кои веќе по првото полувреме имаа победнички + 9 гола разлика.

Второто полувреме беше чиста формалност, но и овој период убедливо го доби ЖРК Металург.

По четири одиграни кола во младинската лига на Македонија, нашите младинки се лидери на табелата, со четири убедливи победи.

.

ЖРК Металург  – ЖРК Стружанка  28:15 (16:7)

ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Софтовска 3, Блажеска 1, Ѓорѓиевска 4, Тасевска 10, Темелковска 4, Дамчевска 4, Ристовска 1, Стојановска 1, Брунчевиќ, Арсениевска, Божинова, Паковска, Шоповска и Неделковска.   Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 6 минути.

ЖРК Стружанка: Ристоска, Дурацоска 2, Јусуфи, Јоноска 7, И.Затуроска 2, Петреска 1, Домазетоска 1, Дукоска 1, Б.Затуроска и Ѓоршулеска 1.    Седмерци: 4/5.   Исклучувања: 2 минути.

Судии: Андонов Виктор и Јовановски Стојанче од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Прочитано 158 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


6 + 9 =